Здравков ќе ги прозива “сините“ на 9 јануари, Дојран, Охрид или Анталија се можни дестинации за главните подготовки!

805

Иако минаа само два дена откако е назначен за нов шеф на струката на Брегалница, Горан Здравков и тоа на големо започна со работа. Прво требаше да се направи планот за тоа како и каде ќе се одвиваат зимските подготовки.

Играчите се на одмор до 9 јануари за кога е закажан стартот на подготовките. Планот е прво две недели да се работи во Штип а потоа да се оди некаде надвор. Опции се Дојран, Охрид или Анталија, ова за неколку дена ќе го решиме во разговор со првиот човек на клубот Кире Гогов. Инаку пред да се замине на подготовки, тука мислам на главната фаза, ќе одиграме и две пријателски средби со А. Пандев на 19 јануари и со Тиквеш на 24 јануари“ вели Здравков за „Спортмедиа“.

Секако дека Брегалница е интересна и од аспект на трансферниот период.

Освен Касми и Херера кои веќе не се наши играчи, планот е сите останати да се задржат и да се донесат неколку квалитетни засилувања. Тука пред се мислам на класичен шпиц. Сепак ќе видиме за трансферите, најважно е сега играчите добро да се одморат зошто сите нас не чека напорна работа“ заврши Здравков.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА ПОЛУСЕЗОНАТА: Шабани е најдобриот меѓу најдобрите
СледноФИФА: На Мундијалот во Катар немаше наместени натпревари!