Илиевски: Целиот меч како да имавме игра, а губевме со десет разлика!

98

Пелистер не успеа да дојде до барем една победа во Златибор. Македонскиот претставник запиша нов пораз, вкупно трет оваа сезона, вечерва беше совладан од Хелиос со убедливи 88-70.

Предводникот на Пелистер, Марјан Илиевски немаше многу што да каже по оваа средба. Неговиот тим имаше 18 изгубени топки, една од причините поради која не успеа да дојде до големо бодови.

„Очекував ова да биде поцврст натпревар во однос на квалитетот и табелата на противникот. Малку беше чудно, во целиот меч како да имавме игра, а губивме со десет разлика, причината за ова беа и загубените топки. Не би сакал да се повторувам за ротацијата. Заморот заедно со возраста на играчите си го стори своето, како и она што го имаме на располагање како висината под кошот“, рече Илиевски. 

ПретходноЦСКА под водство на Рајковиќ испиша историја во ВТБ-лигата!
СледноРаниери по 34 години се врати на кормилото на Каљари