Дефанзивецот Доминик Кришито се врати во Италија и ќе ги брани боите на Џенова. Искусниот 36-годишен фудбалер истера шест месеци во Торонто за кој одигра 16 натпревари и постигна еден гол.
Неколку италијански медиуми потврдуваат дека Кришито веќе потпишал договор со Џенова и ќе ја игра пролетната сезона во Серија Б.
Инаку Кришито е роден во Неапол, а кариерата ја почна во младинските категории на овој клуб, а за сениорите дебитира во сезоната 2003/04. Тој уште три пати се враќаше во Џенова, од 2006 до 2009 беше позајмен во овој клуб, потоа потпиша постојан договор до 2011 година. Играше и од 2018 до 2022 година. Во меѓувреме беше и во Јувентус и Зенит.