Мекколум го растури Сан Антонио (ВИДЕО)

63

Њу Орлеанс остана без без болниот Зајон, не можеше да смета на Инграм и Лери Јуниор. Сепак Пеликанс го имаа распложениот Си Џеј Мекколум кој погоди седум тројки, односно постигна 40 поени и беше херојот на победата над Сан Антонио од 126-117.

Со тоа домашните ја прекинаа лошата резултатска серија, имаа голема предност од +19 на крајот од третиот период. Му дозволија на тимот од Тексас да почувствува малку надеж со серија од 10-0, но Мекколум настапи на сцена.

Јута го освои Вашингтон, славеше со 112-120. Малик Бисли постигна 25 поени, Џордан Кларксон заврши со 23, а Лаури Марканен на крајот имаше 21 поени. На другата страна Бредли Бел имаше 30 поени, Кузма заврши со 21 поени.

Визардс загубија по 14-ти пат во 16 меча. Нема да биде лесно ниту вечерва во Сакраменто.

ПретходноРоналдо пристигнува пред најголемото дерби? Историскиот потпис – наскоро!
СледноСите мислеа дека е неговата мајка: Познато која е жената што го гушкаше Меси на теренот (ВИДЕО)