Милијардер од Оман нуди милион евра за наметката на Меси од Мундијалот

646

Ахмед Ал Барвани, милијардер од Оман, кој е дел и од најтесното раководство на оваа блискоисточна земја, преку социјалните мрежи порача дека сака да ја откупи, свечената муслиманска наметка со која Лионел Меси го прими пехарот за освоениот Мундијал во Катар.

Катарскиот емир, Тамим бин Хамад ал Тхани при свеченото доделување му ја оддаде таа чест на Меси со свечената наметка која се дава во посебни прилики. Потегот наиде на воодушевување, но и критики, кој сака нека го свати.

Па така, сега, милијардерот Ал БАрвани вели дека подготвил милион долари за да ја купи истата од Меси, а доколку се побара повеќе подготвен е да ја зголеми неговата понуда.

ПретходноФИФА: Погодокот на Ришарлисон е голот број еден на Мундијалот во Катар (ВИДЕО)
СледноИХФ со мундијалска најава за Македонија: Со Лазаров како селектор почна новата ера!