Искусниот репрезентативен голман на селекцијата на Мексико, Гиљермо Очоа е нов чувар на мрежата на калчолигашот Салернитана. Во моментов тој има 37. години и потпиша „дил“ кој е со траење до лето, со можност истиот да се продолжи.
Очоа е познат по одличните настапи на светските првенства, вклучувајќи го и неодамна завршеното Светско првенство во Катар. Тој има 135 натпревари за својата земја. Гардата последен пат играше во мексиканскиот клуб Америка, а во Европа играше за екипите на француски Ајачио шпанските Малага и Гранада , како и за белгиски Стандард Лиеж.