Српскиот репрезентативец Дејан Милосављев нема многу среќа кога е во прашање репрезентацијата. Голманот кој брилјираше во Вардар во 2019 година, освојувајќи ја титулата најдобар голман на сезоната и трофејот на ЕХФ Лигата на шампионите, се повреди пред седум дена во Берлин и неговиот настап на СП 2023 е под знак прашалник.
Во прашање се лигаментите на скочниот зглоб, а на Милосављев му претстои опоравување кое ќе го спроведе во Србија со цел да биде подготвен за првиот меч од СП 2023 на 13 јануари во Катовице.
Да потсетиме, Дејан Милосављев дебитираше за националниот тим во финалето на ЕХФ ЕУРО 2018. Тој играше и на СП 2019, а ги пропушти изминатите две ЕХФ ЕУРО 2020 и ЕХФ ЕУРО 2022 поради повреда и корона.