Раниери по 34 години се врати на кормилото на Каљари

151

Искусниот италијански стратег Клаудио Раниери е новиот тренер на Каљари. Тој првпат работеше во овој клуб во 1988 година кога од Серија Ц1 го донесе до Серија А. Договорот на Раниери со Каљари е до 2024 година.
Последниот клуб на Раниери беше Ватфорд, а претходно работеше во бројни европски клубови меѓу кои Рома, Фулам, Монако, Интер, Јувентус, Челзи, Наполи, Атлетико Мадрид, беше селектор на Грција.
Со Лестер Сити стана шампион на Премиер лигата во 2016 година.

ПретходноИлиевски: Целиот меч како да имавме игра, а губевме со десет разлика!
СледноТИМ И ИГРАЧ НА ПОЛУСЕЗОНАТА: Шабани е најдобриот меѓу најдобрите