Кристијано Роналдо секој час е се поблиску до потпис за Ал-Наср.
Денеска пристигна информација дека управата на Ал Наср го принудува Роналдо да потпише за време на викендот, односно непосредно пред големото дерби против најголемиот ривал Ал-Хилал.
Ал Наср моментално е лидер на табелата, а Ал Хилал е трет со два бода заостанување, па очигледно е дека до крај ќе ја води борбата за титулата.
Големото дерби на Саудиска Арабија е закажано за в понеделник, а раководството на Ал-Наср прави се за да ја комплетира потребната администрација за потписот на Роналдо во текот на викендот.
Секако дека Роналдо нема да има право на настап за дербито со Ал-Хилал, но ќе биде пријавен за настап од 1 јануари.