ТРЕНЕР НА ПОЛУСЕЗОНАТА: Срѓан Захариевски (Струга Трим Лум)

180

Без никакви дилеми за нас, но веројатно и за сите кои ги следат мак – фудбалот, тренер на есенската полусезона во ПМФЛ е Срѓан Захариевски. Стратегот кој со стружани дојде до историски успех, дојде до есенската круна во нашата елитна лига. Секоја чест на играчите, раководството и секако спонзорот на клубот, но најголема улога во овој успех секако оди на сметката на популарниот Срле. Екс – репрезентaтивецот на Македонија работел како тренер и во други клубови, но со овој маестрален успех себе си се промовира во еден од нашите најдобри стратези во моментов.

Посебно ќе се паметат оние осум од осум на стартот од сезоната 2022/23, што е еден од рекордните и најдобри стартови во историјата на ПМФЛ, ако не и најдобар.

Секогаш мирен, фокусиран, голем работник, знае фудбал и тоа како, и пред се знае од својот тим да го извлече максимумот.

Има уште многу да се образложува за Срле, но ова е сосема доволно за да „Спортмедиа“ без никакви дилеми го одбере за најдобар тренер во изминатата есен во ПМФЛ.

ПретходноОчоа и официјално во Салернитана
СледноМарчињак им врати на Французите: Мбапе ми рече дека судењето на финалето било одлично!