ФИФА: На Мундијалот во Катар немаше наместени натпревари!

419

И официјално, барем според ФИФА, СП во Катар минало во најдобар можен ред. Дека сите 64 мечеви се одиграле според фер-плејот и дека немало наместени натшревари. Ова денеска ФИФА и официјално го објави откако специјална комисија успеала да ги анализира сите мечеви, па и во поглед на тоа како оделе квотите, потоа како се вложувало пари во обложувалниците и слично.

Инаку во преден план, односно јавноста сакаше да знае што мисли ФИФА за сомнителниот меч од групната фаза меѓу Шпанија и Јапонија, кој се чинеше дека е „пуштен“ од страна на Шпанците, но и тој меч се води како регуларен.

Барем според ФИФА.

Овој извештај ФИФА го даде откако доби извештај од Работната група за интегритет кој што е под јурисдикција на самата ФИФА.

ПретходноЗдравков ќе ги прозива “сините“ на 9 јануари, Дојран, Охрид или Анталија се можни дестинации за главните подготовки!
СледноЕмилијано Мартинез ќе добие споменик во својот роден град!