Арогантниот готвач Нусрет Гокче предизвика револт кај вистинските фудбалски фанови откако излезе на теренот и ја вознемири репрезентацијата на Аргентина по освојувањето на Светското првенство во Катар.
Тој се туркаше со играчите, им го грабна трофејот од раце, а се изгледаше навистина бизарно бидејќи апсолутно никој не сакаше да го види на теренот.
„Поради ова, ФИФА е под силен напад од навивачите. Познато е дека првиот човек на федерацијата Џани Инфантино му дозволил да ги следи натпреварите, но се уште не е познато како Нусрет успеал да дојде на теренот.
Поради ова, Светската фудбалска федерација покрена внатрешна истрага и излезе со соопштение.
„Како еден од најпрепознатливите симболи на спортот во светот, оригиналниот трофеј на ФИФА може да го допрат само одредени луѓе, вклучително и поранешни победници и избрани поединци“, се вели во соопштението на ФИФА кое продолжува:
„ФИФА истражува како одредени лица успеале да излезат на теренот по церемонијата на 18 декември. Ќе има истрага во организацијата“, се вели во пораката од чадорот на светскиот фудбал.
Многу е можно Инфантино да е всушност одговорен за доаѓањето на Нусрет на теренот и тој да му го овозможи тоа. Во 2021 година Нусрет го угости во неговиот ресторан, а Инфантино беше многу благодарен за стекот.
“Господине Нусрет – број еден. Најдобриот од најдобрите. Незаборавна вечер во Дубаи со Нусрет и јас дефинитивно ќе се вратам”, изјави Инфантино.