Аргентина бурно ја прослави титулата светски првак, а славјето го предводеше Емилијано Мартинез, голманот и херој на оваа репрезентација.
Мартинез за време на прославата во Аргентина носеше кукла со ликот на Килијан Мбапе, а претходно во соблекувалната ја прекина прославата на соиграчите за да му оддаде едноминутно молчење за истиот фудбалер. Французите беа толку лути од потезите на Мартинез што решија да поднесат жалба.
„Им пишав на аргентинската федерација затоа што сметам дека ваквото однесување е ненормално во контекст на спортско однесување. Не можам да го разберам. Ова дефинитивно отиде предалеку, Мбапе се однесува примерно и е вистински пример за младите луѓе“, изјави претседателот на Француската федерација Ноел Ле Гре.
„Што прави ФИФА? Фер-плејот треба да биде најважното нешто во спортот“, изјави францускиот министер Бруно Ла Мер.