Хрватскиот голман Ливаковиќ го испочитува Стефан Ристовски со уникатен подарок (ФОТО)

2320

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски на социјалните мрежи се пофали со подарокот од својот соиграч од Динамо Загреб. Доминик Ливаковиќ, голманот на селекцијата на Хрватска го испочитува Ристовски, му го подари дресот кој го носеше на дуелот против Јапонија во рамките на осминафиналето, кој „коцкеситите“ го добија после изведување на пенали.

Хрватска го освои третото место на Мундијалот, откако беше подобра од сензацијата во Катар, Мароко.

ПретходноНикола Митревски од денеска во репрезентативниот строј!
СледноРусија денеска ја менува Европа за Азија!?