Македонската ракометна репрезентација веќе е три дена во Маврово каде ќе ја одработи првата половина од подготовките за настап на претстојното Светско првенство кое ќе се одржи во Шведска и Полска.
Селекторот, Кирил Лазаров од денеска на располагање ќе го има искусниот репрезентативен голман, Никола Митревски, кој имаше клупски обврски.
Од планираните 23 ракометари, отпадна Омерагиќ поради повреда, а додека последен во стројот ќе се приклучи Филип Кузмановски, кој има обврски со Хановер во Бундес-лигата и нема да на настапи на двете пријателски средби против Црна Гора во Маврово.
Македонија ќе игра во групата во Краков, за противници ги има селекциите на Норвешка, Холандија и Агентина. Првите три репрезентации одат во главната рунда, додека последнопласираната ќе игра Президент Куп.