Пролет го предупреди Вардар: Ако ги сакате Аларов и Јагуриновски порано – треба да платите!

576

Пролет на својата официјална страница излезе со соопштение. Во кое Управниот одбор на клубот го изразува своето задоволство од резултатите на тимот во Супер-лигата, а потоа потврда на целта за оваа сезона – излезе во Европа.

Покрај ова Пролет испрати и апел до Вардар 1961. Од следната сезона дресот на актуелниот македонски првак ќе го носат Аларов и Јагуриновски, но се чини клубот не може да премолчи во обидот на „црвено-црните“ да ги земе многу порано. За каквите екипи како Вардар и останати кои сакаат ракометарите на Пролет да ги земат порано ќе мора да се платат отштета.

„Управниот Одбор на АД Ракометен клуб Тинекс Пролет изразува големо задоволство од игрите и резултатите на нашата екипа во првиот дел од натпреварувачката сезона. Освоеното второ место во групата од Супер-лигата е доказ за квалитетната работа во изминатите мсеци и максималното залагање на сите ракометари за исполнување на заедничката цел – излез во ракометна Европа.
 
Пред Тинекс Пролет се наоѓаат сериозни предизвици во натпреварувањето во плејофот, но како и секогаш досега, подготвени сме на спортска борба за бодови и надигрување со сите противници. Финансиите не се никаков проблем, буџетот е стабилен, а ваучерот за 2022 година целосно наплатен, за што јавно упатуваме благодарност до спонзорите и помагателите на нашиот ракометен колектив. Со тоа се овозможува дополнителна сигурност и стабилност, по што ракометарите ќе можат да се насочат кон она што е најважно за нив – тренинзите и натпреварите во дресот на Пролет.
 
Добро познато е дека двајца наши ракометари, Томи Јагуриновски и Михаил Аларов, по одличните настапи за Тинекс Пролет во првиот дел од сезонава потпишаа договори со РК Вардар почнувајќи од сезоната 2023/24. Ние сме горди што имаме двајца исклучителни професионалци во своите редови и желба на сите во клубот е Јагуриновски и Аларов да ја доиграат сезоната во РК Тинекс Пролет и да помогнат во остварувањето на клупските цели.
 
Потсетуваме дека и двајцата ракометари имаат валидни договори со РК Тинекс Пролет до јуни 2023 , по што од срце ќе им посакаме многу среќа во преселбата во таборот на „црвено-црните“.
 
„Јавна тајна“ е дека Вардар сака да ги доведе Аларов и Јагуриновски додека тие се уште се под договор со Тинекс Пролет, но на нашиот скопски ривал треба да му е јасно дека тоа не може да се оствари без соодветна отштета, нешто што е сосема нормална работа во светот на спортот при трансфери на играчи од еден во друг клуб“, велат од Пролет.

ПретходноНеверојатно: Марадона во 1986 и Меси во 2022, се е исто…така сакаше Господ или нештата случајно се поклопија!
СледноПотврден сертификатот на ФФМ за усогласеност и работа на лиценцната администрација