Поранешниот француски репрезентатувец Блес Матуиди објави дека се пензионира од професионално играње на фудбал. 35-годишниот фудбалер ова го објави на социјалните мрежи.
„Фудбал, те сакав многу! Фудбал, ми даде толку многу, но време е да кажам стоп. Ги исполнив моите детски соништа. Денес ја вртам оваа страница со стегнато грло, но со гордост“, напиша Блес.
Матуиди играше за ПСЖ од 2011 до 2017 година, беше и во Троа, Ст.Етјен, Јувентус, а последниот клуб му беше Интер Мајами. Тој е светски шампион со Франција од Мундијалот 2018.
Football, je t’ai tant aimé. Football, tu m’as tant donné, mais le moment est venu de dire stop. J’ai accompli mes rêves d’enfant, mes rêves d’homme. C’est la gorge serrée mais avec fierté que je tourne aujourd’hui cette page.
MERCI ❤️
👉🏾 https://t.co/j9S9b7QaiD pic.twitter.com/rkDwnxX9Tj— Blaise Matuidi (@MATUIDIBlaise) December 23, 2022