Алкалоид ја претстави својата химна (ВИДЕО)

459

Алкалоид покрај промоција на салата „Автокоманда“, како сето она што е остварено и што допрва ќе видиме од овој тим, ги промовираше новите дресови и својата химна.

Истата можете да ја погледнете во продолжение…

Целта на Алкалоид е да расте и да се развива во база на квалитетни македонски ракометари со долгорочен план.

„Најпрво, во име на РК Алкалоид би сакал да се заблагодарам на сите учесници кои во одреден момент беа вклучени во реконструкцијата на овој ракометен објект и на УО на Алкалоид на чело со Живко Мукаетов без кого овој проект би бил невозможен. Клубот беше исправен пред нов предизвик, значаен инвестициски проект значаен за мак-ракометот. Оваа наша база и адаптирана спортска сала е чекор напред за поквалитетен домашен спорт, мотивирани спортисти и младинци кои ќе се градат како професионалци, со услови согласно на елитниот ракомет. Нашиот клуб останува доследен на принципот да расте и да се развива во база на квалитетни македонски ракометари кои на долгорочен план би дала македонски репрезентативци. Овој проект претставува дел од системот на РК Алкалоид, спортските и животните вредности, кои треба да се поттикнуваат со еден добар спортски систем“, изјави Горан Минов, директорот на клубот. 

ПретходноЛазаров: За квалитетна иднина предуслов е да се има свој дом! Мислам дека сме пример за клубовите!
СледноЛуис Суарез ќе игра во Бразил