Бензема испрати нова порака до Дешамп!

605

Карим Бензема повторно се огласи на Инстаграм со интригантна објава, а многумина тоа го протолкуваа како порака до францускиот тренер Дидие Дешамп. Да потсетиме, Бензема поради повреда го напушти тимот пред Мундијалот, но веќе се опорави до нокаут фазата на натпреварувањето. Сепак, Дешамп не сакаше да го врати во тимот.

Бензема ја сподели својата фотографија и напиша „Ова е многу важно: достапност“. Многу луѓе мислат дека тој му рекол на Дешамп дека е достапен. Да потсетиме, Бензема по Мундијалот објави дека се повлекува од репрезентацијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Karim Benzema (@karimbenzema)

Бензема одигра 97 настапи за Франција и постигна 37 голови.

ПретходноЛука Дончиќ одигра неверојатен меч, го „затрупа“ кошот на Хјустон (ВИДЕО)
СледноГвардиола: Еден играч од Мундијалот дојде здебелен, не знам како е тоа можно!