Иако се чекаше вчера да биде и официјално потврдено дека Русија си заминува од УЕФА и ќе и пристапи на Азија, сепак тоа не се случи. Информациите од Москва велат дека тоа ќе биде во вторник кога е закажана главната седница на Фудбалскиот сојуз на Русија, на која ќе се донесе одлука за преселба во Азиската зона.
Да потсетиме дека ова доаѓа по одлуката на УЕФА и ФИФА да се суспендираат клубови и репрезентацијата на неодредено време по агресијата на Русија врз Украина.
“Доволна е само една споредба. Во Европа половина од земјите не сакаат да играат со нас, додека во Азија од 48 селекции, освен две-три, сите сакаат да играат“ изјави Александар Дјуков, претседателот на Фудбалскиот сојуз на Русија.