Скалони како капитен на Лацио играше против Работнички во Скопје!

701

Мина речиси една недела откако Аргентина на СП во Катар дојде до титулата. Секако дека покрај Лео Меси еден од најзаслужните е и селекторот Лионел Скалони, некогашен фудбалер на Лацио, заедно играше со Горан Пандев, а тој ист Скалони има играно во Скопје и тоа како капитен на Лацио.

Тоа беше во рамките на реваншот од плеј – офот во Лигата на Европа, на 25 август 2011 година кога “лацијалите“ предводени од капитенот на Арената во Скопје, славеа со 1:3. На првиот меч беше 0:6 за Лацио, па така со вкупни 1:9 Лацио го елилиминираше тимот од Дебар маало и се пласира во групната фаза во Лигата на Европа.

Единаесет години подоцна, Скалони ја освои “Божицата“ во Катар.

А ние засекогаш ќе паметиме дека пред нешто повеќе од една деценија Скалони како капитен на Лацио играше во Скопје и тоа против Работнички.

ПретходноРусија во вторник ќе си замине од УЕФА: Во Азија сите сакаат да играат со нас!
СледноСрцепаратeлна фотографија на Пеле и неговите ќерки: Уште една ноќ заедно!