Тен Хаг реагираше бурно и ја прекина прославата на својот фудбалер во Аргентина!

379

Тен Хаг побарал од Лисандро Мартинез до крајот на неделата да се врати во Манчестер и да се приклучи на тренинзите на клубот. Јунајтед го очекува пеколен распоред бидејќи е познато дека нема пауза во Англија за време на празниците.

Популарниот „бокс ден“ започнува веќе во понеделник на 26 декември. На програмата ќе бидат натпреварите од 17. коло.

Манчестер Јунајтед својот натпревар го игра во вторник од 21 часот, а на „Олд Трафорд“ го пречекува Нотингем Форест. По овој дуел, „црвените ѓаволи“ на 31.12 се гости на Вулверхемптон, а потоа на 3. јануари играат на домашен терен.

Нема да заврши тука. Јунајтед на 10 јануари ќе игра натпревар од ФА Купот против Евертон, а на 10 јануари ќе се соочи со Чарлтон во четвртфиналето на Лига купот, а тешкиот распоред ќе заврши на 14 јануари кога ќе го одигра градското дерби против Манчестер Сити во Премиер-лигата.

Според тоа, Манчестер Јунајтед ќе одигра дури шест натпревари за три недели и на Тен Хаг му треба широк ростер.

Мартинез на тој начин ќе мора да го прекине славјето и да дојде во клубот.

Тен Хаг сака да ги има на располагање сите фудбалери бидејќи крајот на декември и почетокот на јануари. Лисандро Мартинез на Светското првенство во Катар одигра пет натпревари за Аргентина и на теренот мина 301 минута.

ПретходноПрва сериозна понуда за херојот од Катар!
СледноЗлатан Ибрахимовиќ има уште една „љубов“ (ФОТО)