Атлетико се засилува со турски стопер од Лестер

169

Турскиот репрезентативец Чаглар Сојунчу кариерата ќе ја продолжи во Атлетико Мадрид. 26-годишниот фудбалер ја игра последната сезона од договорот и од 1 јануари ќе има право да потпише пред договор со Атлетико, потоа од 1 јули официјално, како слободен фудбалер, ќе стане член на Атлетико Мадрид.

Сојунчу оваа сезона не е во прв план во Лестер, па логично беше и разделбата. Инаку тој е поранешен фудбалер на Фрајбург, а за Турција има 51 настап.

ПретходноРоналдо: Ако некој заслужи да биде светски шампион, тоа се Меси и Аргентина
СледноМеси би можел да добие награда која не е доделена цели 32 години