Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола откри дека англискиот играч од средниот ред Калвин Филипс се вратил од Светското првенство со вишок килограми.
Додека репрезентативците Џон Стоунс, Фил Фоден и Џек Грилиш играа во победата од 3-2 против Ливерпул, Филипс остана надвор од тимот.
“Не, тој не е повреден. Тој дојде од Катар со прекумерна тежина. Не знам зошто. Не дојде во физичка кондиција подготвен за тренинзи и натпревари. Ни треба и ќе игра само кога ќе биде целосно подготвен”, изјави Гвардиола за 27-годишниот играч за врска кој го плати 49 милиони евра во јули.
„Дали сум разочаран што се појави таков човек во клубот? Нека остане меѓу мене и него“, додаде тренерот за играчот кој оваа сезона одигра само четири натпревари за Сити поради повреда на рамото и кој одигра 40 минути за Англија во Катар.