Младиот хрватски дефанзивец Јошко Гвардиол привлекува невиден интерес од големите клубови и речиси сигурно е дека со цена од над 100 милиони евра наскоро ќе стане најскапиот дефанзивец во историјата. Германски РБ Лајпциг веќе одби огромни понуди за него, па останува да се види дали Германците повторно ќе ги одбијат сите понуди за него оваа зима.
„Челзи се обидува да најде начин да го доведе Гвардиол. Тие беа првите што испратија понуда до Лајпциг минатото лето, но нивните 80 милиони плус бонуси, речиси 90 милиони евра, беа одбиени. Наместо тоа, Лајпциг потпиша нов договор со Гвардиол и сега ќе бара многу повеќе од 90 милиони. Ќе бараат повеќе од 100 милиони евра, со што Гвардиол ќе стане најскапиот дефанзивец во историјата. Челзи се уште е заинтересиран, но ќе видиме што ќе се случи“, вели познатиот „инсајдер“, Фабрицио Романо.