Легендарниот Пепи Манасков во РК Алкалоид!

562

Легендата на нашиот ракомет Пепи Манасков доаѓа во РК Алкалоид. Тоа ќе биде и тоа како големо засилување за младиот и амбициозен наш клуб кој во иднина сака да се вивне во ракометните височини. Од 1 јануари 2023 години тој ќе биде задолжен за работата со младите во таборот на РК Алкалоид и ќе биде дел од клупскиот проект.

Доаѓањето на Манасков го потврди и директорот на РК Алкалоид, Горан Минов.

Секако дека ова е голема работа за клубот, да се има кај себе една таква ракометна величина, ракометен гигант и тоа како нешо значи. Младите ракометари ќе имаат од кого да учат.

РК Алкалоид успева да ги има во своите редови Кире Лазаров и Пепи Манасков, тоа нешто значи.

ПретходноМукаетов: Нашата мисија ќе биде исполнета кога ќе го добиеме новиот Кире, Столе, Жути, Манасков!
СледноЛазаров: За квалитетна иднина предуслов е да се има свој дом! Мислам дека сме пример за клубовите!