Легендата на Баерн мораше да оди на итна операција на срцето!

477

Легендарниот тренер на Баерн, Јуп Хејнкес, ги имаше некои од најлошите моменти во животот во последните неколку недели.

Тој мораше да направи итна операција на срцето, и му беа поставени неколку бајпаси, а се беше направено ненадејно бидејќи му беа затворени две артерии во градите.

После тоа Хејнкес беше во болница две недели, но сега е во многу подобра состојба, операцијата беше успешна.

„Ова беше најлошиот период во мојот живот. Не можев да спијам, времето како да застана, беше страшно“, изјави Хејнкес.

Така Хејнкес мораше да пропушти многу од планираното, а не се појави на некои многу важни настани во светот на спортот.

Тој го пропушти и најголемиот дел од Светското првенство, а не можеше да присуствува и на финалниот натпревар помеѓу Аргентина и Франција.

Секако, зад себе има одлична тренерска кариера, а во кариерата освои и многу големи награди и титули.

ПретходноЕвролига: Валенсија ја совлада Барселона, Oлимпија Милано во супер финиш го победи Монако
СледноЛука Дончиќ одигра неверојатен меч, го „затрупа“ кошот на Хјустон (ВИДЕО)