МЗТ Скопје до Цибона ќе добие нов тренер

334

МЗТ Скопје денеска и официјално потврди дека соработката со Александар Петровиќ е прекината. Серијата лоши резултати во АБА лига е причината поради која двете страни се одлучија за ваков чекор.

Адресата на актуелниот македонски првак е полна со понуди. Според најавите тимот од Аеродром новиот тренер треба да го назначи до дуелот со Цибона кој е закажан за претпоследниот ден од годината и тоа на гостински терен.

Пред оваа средба, МЗТ Скопје ќе му гостува на Пелистер, дуелот се игра на 27 овој месец. На оваа средба доколку не биде назначен новиот тренер, кој ќе се бира во склад на финансиите, тимот ќе го води еден помошниците, најверојатно тоа ќе биде Васко Атанасов.

МЗТ Скопје засега е далеку од опстанок во АБА лига, се наоѓа на последното место на табелата со 10 порази и две победи.

ПретходноИ Ди Марија со специјална тетоважа! (ФОТО)
СледноТетекс со нов Управен одбор во борбата за опстанок