Мурињо ќе ја издаде својата татковина!

295

Бразил по шест години ќе добие нов фудбалски селектор откако Тите на два последователни Светски првенства не успеа да оствари сериозен резултат, а многу луѓе се заинтересирани за клупата на оваа репрезентација.

Веќе се споменуваше Пеп Гвардиола, па дури и Карло Анчелоти, но се чини дека во моментов најблиску до селекторската позиција е нивниот ривал – Жозе Мурињо, иако многумина го видоа на второто место по Мундијалот во Катар.

Мурињо се интересираше за репрезентацијата на Португалија, која исто така остана без селектор по заминувањето на Фернандо Сантош, но се чини дека не сака да се стави на располагање на својата татковина.

Многумина мислеа дека во овој период од кариерата на Мурињо речиси сигурно ќе ја преземе репрезентацијата, но се чини дека е подготвен да се сврти кон Бразил кој очигледно има поголем потенцијал. Сепак, со тој потег „Специјалниот“ веројатно дефинитивно би ја затворил вратата на својата репрезентација, можеби затоа што не е сигурен што ќе се случи со Кристијано Роналдо и дали ќе мора „да ја преживее драмата“ доколку не се пензионира на сопствена иницијатива.

Единствениот „проблем“ кога се во прашање Мурињо и Бразил е секако Рома. Италијанскиот тим не сака да се раздели со него и сака да го продолжи проектот со барем до 2024 година, а не им се допаѓа идејата тој да има две работни места. Затоа Мурињо најверојатно ќе мора да седне со нив и да разговара, особено што поканата од Бразил го „маѓепса“.

Да потсетиме, Бразил беше елиминиран во четвртфиналето на претходните две Светски првенства (против Белгија и Хрватска), додека во финалето на Копа Америка 2021 година загуби од Аргентина.

ПретходноГвардиола: Еден играч од Мундијалот дојде здебелен, не знам како е тоа можно!
СледноПрва сериозна понуда за херојот од Катар!