Некогашниот младински македонски репрезентативец Владан Новевски својата кариера ја продолжува во српскиот суперлигаш Вождовац. 20-годишниот фудбалер доаѓа од Војводина, а со новиот клуб потпиша договор до јуни 2025 година.
„Го избрав овој клуб затоа што е навистина одлична средина, низ квалитетна работа и силни натпревари, да се афирмирам дополнително и стекнам искуство за натамошен фудбалски развој“, истакна Новевски по потпишувањето на договорот.