Официјално, Левандовски ќе паузира три меча

104

Иако се надеваа во таборот на Барселона на „помилување“ на Роберт Левандовски од страна на дисциплинските органи на шпанската федерација сепак, тоа нема да се случи и полјакот ќе мора да ја одслужи целосно суспензијата поради црвениот картон добиен на дуелот против Осасуна уште на 8 ноември.

Тоа значи дека полскиот напаѓач ќе го пропушти градското дерби со Еспањол, гостувањето кај Атлетико Мадрид и домашниот меч со Бетис.

Жалбената комисија во федерацијата ја одби првата жалба на Барселона, а сега одлуката ја потврди и Спортскиот управен суд.

Барселона води во поредокот со 37 бода два повеќе од Реал Мадрид. Левандовски има 13 гола на 14 натпревари и е најдобар стрелец.

 

ПретходноТрагедија: Во Марсеј убиен 22-годишен фудбалер! (ФОТО)
СледноЛ`Екип го објави идеалниот тим за 2022, во него има и двајца Хрвати!