Работнички не знае за доста, фуриозно низ Гевгелија за „седум од седум“!

172

По четирите порази на стартот на сезоната, Работнички целосна ја смени „лентата“ влезе во силен ритам и веќе месец дена не знае за пораз. Најтрофејниот кошаркарски колектив го запиша седмиот триумф во низа оваа сезона во Првата лига. Овој пат избраниците на Димитар Мираковски го совладаа Кожув, на гостински терен славеа со 85-110 во рамките на 12. коло.

Работнички доминираше во текот на целиот меч, со серија од 16-0 пред крајот на првата четвртина поведоа со  17-26 и целоно ја превземаа контролата на оваа средба. Во следниот период домаќинот еднаш успеа да намали на еден поен 34-35, но тука и застана. Гостите влегоа во силен ритам, на одморот имаа плус 15 (42-57), до крајот без проблем го привршија мечот во своја корист.

Малешевиќ, Пол, Форте и Бакоч беа лидерите кај Работнички, заедно постигнаа 77 поени или повеќе од половината. На другата страна Јузубашиќ имаше 31 поен и 11 скока.

На останатите средби, Еуро Никел успеа да се опорави од поразот од Работнички од минатото коло, против Академија ФМП славеше со 92-63. На последната средба од денешната програма, Чаир славеше против Струмица на домашен терен со 97-92.

ПретходноНовевски потпиша за Вождовац
СледноСе пензионираше судијата кој свирна крај на меч во 85. минута