Русија во вторник ќе си замине од УЕФА: Во Азија сите сакаат да играат со нас!

630

Иако се чекаше вчера да биде и официјално потврдено дека Русија си заминува од УЕФА и ќе и пристапи на Азија, сепак тоа не се случи. Информациите од Москва велат дека тоа ќе биде во вторник кога е закажана главната седница на Фудбалскиот сојуз на Русија, на која ќе се донесе одлука за преселба во Азиската зона.

Да потсетиме дека ова доаѓа по одлуката на УЕФА и ФИФА да се суспендираат клубови и репрезентацијата на неодредено време по агресијата на Русија врз Украина.

Доволна е само една споредба. Во Европа половина од земјите не сакаат да играат со нас, додека во Азија од 48 селекции, освен две-три, сите сакаат да играат“ изјави Александар Дјуков, претседателот на Фудбалскиот сојуз на Русија.

ПретходноПоради неуспехот на СП: Арамии го нападнале Тите и му го земале златниот ланец!
СледноСкалони како капитен на Лацио играше против Работнички во Скопје!