Четворица играчи на Јунајтед добија продолжување на договорите

158

Менаџерот на Манчестер Јунајтед Ерик тен Хаг официјално објави дека клубот и официјално им ги обновил договорите на четворица играчи.

Тоа се Диого Далот, Маркус Рашфорд, Фред и Лук Шо. Сите четворица имаа важечки договор до 30 јуни 2023 година, а во нив имаше клаузула дека доколку Јунајтед е засоволен од прикажаното, истиот автоматски се продлжува на плус дванаесет месеци.

„Да, тоа е веќе информација која што можам да ја потврдам“ – изјави менаџерот на тимот, Ерик Тен Хаг за клупската телевизија.

„Среќни сме бидејќи нашиот тим оди во вистинска насока и овие играчи дадоа огромен придонес во нашиот развој“ – , додаде холанѓанецот.

ПретходноЗлатан Ибрахимовиќ има уште една „љубов“ (ФОТО)
СледноМукаетов: Нашата мисија ќе биде исполнета кога ќе го добиеме новиот Кире, Столе, Жути, Манасков!