Златан Ибрахимовиќ има уште една „љубов“ (ФОТО)

332

Златан Ибрахимовиќ е познат како голем љубител на кошарката, па празниците и паузата ги искористи за да ги посети САД. Шведскиот напаѓач го гледаше натпреварот Бруклин Нетс против Милвоки Бакс и беше главен лик на трибините.

Бруклин на својата веб-страница објави и дека се горди што Ибрахимовиќ пристигнал во нивниот дом.

Ибрахимовиќ дел од кариерата во МЛС ја мина играјќи за ЛА Галакси и го видовме на натпреварите на Лејкерс и Клиперс, а сега реши да оди во дербито на Источната конференција.

Тој синоќа можеше да види и одлична партија на Нетс, кои ги победија Бакс со 118:100.

Во победничкиот тим Дурент постигна 24 поени, додаде пет скока и шест асистенции, додека Јанис во поразениот тим имаше дабл-дабл учинок од 26 поени и 13 скока.

ПретходноТен Хаг реагираше бурно и ја прекина прославата на својот фудбалер во Аргентина!
СледноЧетворица играчи на Јунајтед добија продолжување на договорите