Лука Дончиќ одигра неверојатен меч, го „затрупа“ кошот на Хјустон (ВИДЕО)

885

Во НБА лигата се одиграа 14 натпревари. Во центарот на вниманието беше неверојатниот Лука Дончиќ кој приреди забава за паметење.

Во победата на Далас над Хјустон од 106:112, Словенецот беше незаприлив. Дончиќ зад своето име запиша 50 поени, додаде десет асистенции со осум скока. Игра за која сигурно долго ќе се зборува.

Далас дојде до 17. триумф оваа сезона, со 16 порази се наоѓа на осмото место во Западната конференција.

Во балканскиот дуел Никола Јокиќ беше подобар од Јусуф Нуркиќ. Денвер го совлада Портланд со 120:107. Јокиќ мечот го заврши со дабл-дабл учинок од 29 поени и 11 асистенции, придодавајќи и осум скока. Нуркиќ постигна 11 поени со седум скока и три асистенции.

Орландо – Сан Антонио133:113
Филаделфија – ЛА Клиперс 119:114
Атланта – Детроит 130:105
Бостон – Минесота 121:109
Бруклин – Милвоки 118:100
Кливленд – Торонто 107:118
Њујорк – Чикаго 117:118
Хјустон – Далас 106:112
Мајами – Индијана 108:111
Оклахома – Њу Орлеанс 125:128
Денвер – Портланд 120:107
Феникс – Мемфис 100:125
Сакраменто – Вашингтон 111:125
ЛА Лејкерс – Шарлот 130:134

ПретходноЛегендата на Баерн мораше да оди на итна операција на срцето!
СледноБензема испрати нова порака до Дешамп!