Светското првенство, кое за многумина беше најорганизирано во историјата, лансираше неколку нови ѕвезди на светскиот фудбал.
Изненадување секако беше пласманот на Мароко во полуфиналето, стана првата африканска репрезентација во историјата која стигнала до оваа фаза на Светските првенства.
Во полуфиналето Мароканците беа поразени од Франција (2:0) во мечот за третото место пред Хрватска (2:1) и на крајот го освоија четвртото место.
Во дресот на Мароко некои фудбалери одиграа феноменално, го имаа месецот на кариерата, а меѓу нив е и играчот за врска Азедин Унахи. 22-годишниот фудбалер моментално е член на француски Анжи, но по игрите во Катар сигурно ќе ја промени средината.
Во италијанските медиуми се појавија информации дека Наполи е првиот клуб кој започнал сериозни разговори со Анжи околу трансферот на Унахи. Неофицијално францускиот тим за својот фудбалер бара околу 25 милиони евра, а можно е да го пуштат за цифра од 20 милиони евра.
Наполитанците веднаш по новогодишните празници ќе започнат во лов на Унахи, кој е на мета на уште неколку европски гиганти.
Најсериозно се споменуваше Басрелона, оваа информација ја пренесе угледниот „Мундодепортиво“, а во игра за потписот на мароканскиот репрезентативец се и Тотенхем, Борусија Дортмунд и Севиља.