Поранешниот бразилски напаѓач Роналдо Луис Назарио де Лима зборуваше во суперлативи за Лео Меси и за неговиот ангажман на СП за победа и титула на Аргентина.
„Меси имаше многу одлични моменти во првенството, неколку пати ја спаси својата репрезентација. Многу вешто се движи меѓу редови, а штом ќе се доближи до туѓ шеснаесетник, речиси е невозможно да го запрете. Тој ја заслужи титулата!“, искрен е Роналдо, кој не остана покус да спомене дека му е многу жал за прераната елиминација на „кариоките“.