Мина речиси една недела откако Аргентина на СП во Катар дојде до титулата. Секако дека покрај Лео Меси еден од најзаслужните е и селекторот Лионел Скалони, некогашен фудбалер на Лацио, заедно играше со Горан Пандев, а тој ист Скалони има играно во Скопје и тоа како капитен на Лацио.
Тоа беше во рамките на реваншот од плеј – офот во Лигата на Европа, на 25 август 2011 година кога “лацијалите“ предводени од капитенот на Арената во Скопје, славеа со 1:3. На првиот меч беше 0:6 за Лацио, па така со вкупни 1:9 Лацио го елилиминираше тимот од Дебар маало и се пласира во групната фаза во Лигата на Европа.
Единаесет години подоцна, Скалони ја освои “Божицата“ во Катар.
А ние засекогаш ќе паметиме дека пред нешто повеќе од една деценија Скалони како капитен на Лацио играше во Скопје и тоа против Работнички.