Тетекс со нов Управен одбор во борбата за опстанок

648

По оставката на претходното раководство, ФК Тетекс доби ново раководители кои ќе го водат клубот во битката за опстанок во второлигашкото друштво. Претседател на клубот ќе биде д-р Бобан Вучевски. Тетекс во моментов е во доста лоша состојба, без доволен фонд на играчи, минусно салдо и доста долгови. Нема и доволен број на фудбалери, но новото раководство ќе работи да го врати клубот на стабилни нозе.

Како што Ви е познато на повеќето од вас, па и на јавноста, клубот го наследуваме во лоша состојба, без соодветен кадар на фудбалери, соодветен стручен штаб, минусно салдо и долгови.

Затоа, нашата цел ќе биде да се обединиме, сите верни фанови, тетовчани, љубители на фудбалот и спортот со заеднички сили да го вратиме клубот онаму каде што припаѓа.

Ветуваме дека со сите сили ќе се бориме и секој натпревар во втората полусезона ќе го играме како да ни е финале. Значаен ќе биде секој гол, секој бод, секоја победа за наш опстанок и спас на клубот.

Воедно, испраќаме апел до сите заинтересирани, од различна професија ( поранешни и сегашни фудбалери, легенди, спортски доктори, тренери и сите останати ) кои можат да дадат некаков придонес во клубот, да се пријават.

Дел од нашата мисија во наредниот период ќе биде и посета на регионални компании за да побараме парична помош и финансиски да закрепнеме, за да не дозволиме згаснување на овој бренд кој функционира речиси 70 години.

Отворени сме за секој кој што смета дека може да помогне, и го повикуваме да се приклучи кон оваа иницијатива, затоа што само сите заедно, сплотени, верувам дека можеме многу повеќе да допринесеме са клубот и да успееме во нашиот план. Да донесеме големи резултати и да го вратиме ФК ТЕТЕКС на старите победнички патеки и славни времиња

Со особена чест и задоволство, дозволете ми да Ви ги претставам и останатите членови на Управниот одбор:

  1. Бобан Вучевски
  2. Ивица Хаџииљоски – Чајка
  3. Драгољуб Јовановски
  4. Перо Јовановски
  5. Живко Антовски
  6. Бобан Мишевски
  7. Ненад Спасоски – Зец

Ова е тим составен од искрени, добронамерни и угледни луѓе кои со срце го сакаат Тетекс и се подготвени да одговорат на сите предизвиците кои ни следуваат во наредниот период“, изјави Вучевски.

Тренер на клубот останува Дејан Савевски.

ПретходноМЗТ Скопје до Цибона ќе добие нов тренер
СледноМитровски дебитираше за Вараждин