Адел Сантана Менди на само 22 години го загуби својот живот. Имено тој е убиен во Марсеј, откако било пукано со огнено оружје. Станува збор за фудбалер на клубот Оман кој се натпреварува во четвртата дивизија во Франција, а како младинец бил член на Академијата на Олимпик Марсеј.
За неговото убиство потврда дојде и од клубот за кој до вчера настапуваше.