Напаѓачот на Болоња Марко Арнаутовиќ открива дека Манчестер Јунајтед бил заинтересиран за него меѓутоа трансферот не се реализирал затоа што „црвените ѓаволи“ немале доволно пари за да го купат. Австриецот тогаш беше во Вест Хем, а на кормилото на клубот од „Олд Трафорд“ беше Жозе Мурињо.
„Тогаш бев во Вест Хем. Мурињо ме сакаше. Ме праша колку чинам? Јас бев изненаден што се уште ме сакаат во нивните редови. Како и да е, Манчестер Јунајтед немаше пари за да ме купи. Тие претходно се истрошија за да го донесат Пол Погба од Јувентус и немаа доволно пари за мене“, изјави Арнаутовиќ за „Газета дело Спорт“
Инаку Австриецот беше цел на Јунајтед и ова лето, меѓутоа сега Болоња го блокираше трансферот.