„Волците“ го комплетираа трансферот на младиот бразилски напаѓач

288

Матеус Куња е веќе фудбалер на Вулверхемптон. Тоа што неколку денови се шпекулираше сега е потврдено од двата клуба. 23-годишниот бразилски напаѓач е играч на Вулверхемптон, прво ќе игра како позајмен до крајот на сезоната и потоа ќе потпише постојан договор до крајот на сезоната 2026/27.

Неофицијално Вулвс за овој фудбалер ќе платат 43 милиони фунти. Тој е првиот фудбалер што доаѓа во клубот по ангажманот на тренерот Јулен Лопетеги.

„Се радувам што ќе играм во Премиер лигат. Вулверхемптон е голем клуб. Ова е голем чекор за мене во кариерата и многу сум среќен“, изјави Куња.

 

 

ПретходноЛука како каубоj дојде на божиќното дерби против Леброн (ВИДЕО)
СледноРекордерот Надал: 900 недели во ТОП 10 на АТП листата!