Иско одлучил да игра за Л.А. Галакси

119

Шпанскиот фудбалер Иско само четири дена откако раскина со Севиља како слободен фудбалер ќе се пресели во Мејџор Сокер лигата во САД. Неговиот нов клуб ќе биде Лос Анџелес Галакси и покрај интересот на неколку англиски клубови, пренесуваат шпанските медиуми.

Иско имаше фантастични настапи за Малага кога овој тим играше во Ла Лига и европските купови, а во 2013 година направи трансфер во Реал вреден 30 милиони евра.

Во последните години беше во втор план во Реал и одамна се зборуваше за негов трансфер. Тој се реализираше летоска кога Севиља го донесе во своите редови. Но таму се скара со спортскиот директор и побара раскин на договорот и тоа и доби.

 

ПретходноЕкс-фудбалер на Јувентус почина на 49 години
СледноСимоновски со две признанија на изборот на најдобрите во Косово