Македонскиот напаѓач Марко Симоновски доби две признанија во Косово. Тој како член на Дрита го доби признанието за најдобар стрелец во најсилната косовска лига за 2022 година. Исто така се најде и во „дрим тимот“ за 2022 година.
Симоновски од 2020 година е во Косово, а втора година е во Дрита. Претходно играше за Фероникели.
ФОТО: telegrafi.com