Многу прашина се крена околу трансферот на Кристијано Роналдо на Бискиот исток, поточно во тимот на Ал – Наср, но чигледно дека првите луѓе на овој клуб, немаат намера да застанат тука и планираат да направат супер тим.
Поточно, по Роналдо ќе тргнат да го доведат и Нголо Канте, во моментов членот на Челзи.
31-годишниот Французин имаше проблеми со повреди кои го мачеа во последните години. Ова беше причината поради која испадна од составот на „петлите“ за Светското првенство во Катар и многу ретко играше за Челзи во последно време.
Договорот на Канте истекува на лето, па реално е Челзи да сака да заработи нешто на него, или пак Ал- Наср да го доведе како слободен играч.