Андреј Кировски завршува со Работнички

800

Стоперот Андреј Кировски ги заврши своите обврски со тимот на Работнички. Неговиот актуелен договор истече и тој има слободни документи за да ја промени средината.

Дефанзивецот во изминатиот период имаше минутажа во Гратски Парк но и тој најверојатно ќе биде дел од реконструкцијата на тимот на „Романтичарите“ за напролет.

Истата е потребна затоа што резултатите и игрите не беа на потребното ниво, а и стратегот Милан Илиевски зимава сака да склопи екипа по сопствен терк.

Кировски своевремено беше младински репрезентативец на Македонија, а настапуваше за младинските категории на Вардар, Динамо Загреб, а потоа и за Саса и  Силекс.

ПретходноШто се случува? Почина уште еден млад фудбалер, овојпат во Португалија
СледноЗарем е можно: Аргентинец на клупата на Бразил!?