Гатузо за работата како тренер: Не знам како сопругата не ме остави

256

Џенаро Гатузо во интервју за „АС“ откри многу детали за својот живот како фудбалер и како тренер. Тој признава да се биде фудбалер е полесно отколку да се биде тренер, а и се заблагодари на сопругата што го трпи поради тоа што одбрал после играчката кариера да се занимава со тренерска.
Да се биде играч е многу полесно. На начинот на кој јас го живеам животот во последно време ви е исто како да немате живот. Морам да и се заблагодарам на мојата сопруга, се уште не знам како не ме остави.

Кога почнував со тренерската работа, му се јавував на Анчелоти и го прашував „како ти успева толку многу години?“ За мене ова темпо е многу тешко и напорно. Почнувам со работа во 8:30 часот наутро и завршувам во 19:00 часот попладне. Потоа одам во мојот дом, па дури и кога одам во ВЦ, знае да ми текне нешто и да го запишам на парче хартија. Го живеам фудбалот на овој начин и мора да го променам тоа. Не може од цел ден, вие да посветите на фудбал 18 или 19 часа, мора да променам нешто“, вели Гатузо.

ПретходноАрнаутовиќ: Oд Ман. Јунајтед ме сакаа но немаа пари да ме купат
СледноЕкс-фудбалер на Јувентус почина на 49 години