Џенаро Гатузо изјави дека се до СП во Катар немал видено фудбалер како него. Тој беше вистински борец на теренот, го имаше прекарот „Рино“. Не се штедеше и постојано влегуваше во дуели без разлика кој е на спротивната страна.
Гатузо сега е тренер на Валенсија, а изјави дека конечно се појавил фудбалер кој ги има неговите карактеристики.
„ Одамна немав видено фудбалер како мене, а тој се појави на СП во Катар. Ме освои со начинот на кој го игра фудбалот. Ме постетува на мене кога имав 27 години. Тоа е Софијан Амрабат, фудбалерот на сензацијата на Мундијалот Мароко“, изјави Гатузо.
Амрабат е фудбалер на Фиорентина, а претходно играше за Верона, Клуб Бриж, Феенорд и Утрехт. Тој е еден од многутемина марокански репрезентативци кои се родени во странство. Амрабат е роден во Холандија.