Гоце Седлоски: И во 2023 година целта ни е шампионската титула! (ВИДЕО)

422

Оваа 2022 година полека си оди. Доаѓа Новата 2023 година, во која секако дека актуелниот шампион, тимот на Шкупи и натаму си има свои амбици. По тој повод, за клупскиот сајт на клубот од Чаир, свое видување преку видео – изјава за есенската полусезона даде и шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски.

Морам да нагласам дека кога го презедов тимот на Шкупи целта ни беше шампионската титула во ПМФЛ, и тоа го остваривме. Следуваа мечеви во фудбалска Европа, па потоа оваа есен и на домашната сцена. Во тој период играчите беа уморни, а тимот беше исцрпен. На почетокот работите не одеа како што посакувавме и планиравме. Ривалите ни избегаа повеќе бодови и нормално беше да си дадам оставка. По три мечеви повторно се вратив на клупата откако најдовме заеднички јазик со раководството на клубот. Потоа резултатите беа позитивни, се надевам дека напролет ќе бидеме уште подобри. Се знае дека и во 2023 година целта ние шампинската титула“ рече покрај другото стратегот на Шкупи.

Да потсетиме дека Шкупи есенскиот дел од сезоната го заврши на втората позиција со 34 бодови, три помалку од есенскиот првак Струга Трим Лум, но и натпревар помалку. Тоа значи дека во некоја рака математички Шкупи е израмнет бодовно со стружани.

ПретходноСамо за Лео: Вака Антонела му “мешаше“ на Меси! (ВИДЕО)
СледноСалах и семејството со фото пред божиќната елка, па добија навредливи коментари!